Започнаа регионалните денови на културата во Пелагонија

0
4430

 

Со перформансот Сур л виф, на театарската асоцијација Compagnie Lolita Espin Anadon, кои доаѓаат од регионот Долна Нормандија,
во Центарот за култура се отвори третото издание на Регионалните денови на културата во Пелагонија.

Овие денови на културата се програмски уредени и координирани од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Мрежата за културен развој на Пелагонискиот регион.
Манифестацијата се реализира во рамките на проектот Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Регионалните денови на културата ќе го опфатат целиот Пелагониски регион. Од 15 до 30 октомври во 9 општини ќе се реализираат културни настани од современата културна уметност но и настани кои ја негуваат традицијата и театарската уметност.

Compagnie Lolita Espin Anadon ќе се претстават и пред прилепската публика со перформансот Sur Le Vif.
Во Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани и Могила фокусот ќе биде ставен на детската публика, и дечињата од овие општини ќе ја проследат претставата Вреќа полна желби на театарот Бабец. Ресенската и Крушевската публика, ќе имаат можност да поминат хумористична вечер со театарска уметност и комедија на Интимен театар во Ресен и станд ап настап на Никола Тодоровски во Крушево. Француската алијанса за љубителите на уметноста и француската кутура во Битола на 29 октомри ќе приреди изложба на тема: Читај и забавувај се – Lire en fête. КУД Илинден ќе настапи во Општина Новаци заедно со КУД Новаци.

Без коментари

LEAVE A REPLY