Започнува 4-тото издание на македонскиот бренд Битола Шекспир фестивал

0
884

Република Македонија се вбројува во една од ретките држави во светот која го слави делото на Вилијам Шекспир. И оваа година Битола е домаќин и организатор на театарскиот „Битола Шекспир фестивал“, на кој ќе учествуваат театри од Русија, Србија, Израел, Соединетите Американски држави, Полска, Турција.
Директорот на битолскиот театар, Валентин Светозарев, истакна дека со овој фестивал македонскиот театар уште еднаш го потврдува својот квалитет во Европа и Светот.

– Овој фестивал е резултат на заедничките заложби на министерството за култура, општина Битола и битолскиот театар, светот да се донесе во Македонија, а од друга страна македонскиот театар да се презентира во светот, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

4- тото издание покрај странските театри, е домаќин и на театри од Скопје, а ќе бидат изведени и претстави во продукција на битолскиот театар, претставите на Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски.

Уметничкиот директор на битолскиот театар, Благој Мицевски, истакна дека дел од плакатите за битолските претстави се наоѓаат во книгата, збиркатна 100 -тина светски театарски плакати.

Свеченото отварање на 4 -тото издание на Битола Шекспир фестивалот, е со музичко сценскиот перформанс Shakespeare 4 ever, во кој учествуваат Фолтин и актери на битолскиот театар и театарот од Санкт Петерсбург.

Покрај сите овие претстави на 25- ти јули, во Битола гостува театарот од Истанбул Турција со изведба на 12- тата ноќ . Оваа претстава ќе се изведе постфестивалски.

Овогодинешното издание на Битола Шекспир фестивалот е од 23 ти јуни до први јули.