Започнува 6-тото издание на Битолино

0
716

Театарската игра е магија, но кога на сцената се играат претстави за деца тогаш таа е повозбудлива. Со претставата Моето кралство на десткиот театар Бабец, денес започнува 6-тото издание на интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.

Годинешното издание кое ќе се одржува од 5-ти до 7 ми август, е под мотото Кога ќе пораснам сакам да бидам дете.

И оваа година претставите се борат за наградата гран при а ќе ги оценува тричлено жири во состав Јавор Захиров од Бугарија, Валентина Грамосли и Никола Пројчевски.

Трите фестивалски денови ќе донесат интересни претстави кои ќе бидат наменети пред се за помладата публика, која во два термини ќе може бесплатно да ги проследи предвидените претстави.

Традиционално фестивалот го отвара театарската школа Бабец, која брои повеќе , деца на возраст од 6 до 12 години, кои работат под менторство на актерката Јулијана Мирчевска.

6-тото издание го карактеризираат гостувања од Белгија, Албанија, Русија, Ерменија, Франција. Гостите од кои некои и претходно биле дел од овој фестивал, го истакнаа задоволството што повторно имаат можност да се дел од Битолино.

Инаку организаторот, Бабец театарот, е можеби единствениот детски театар во земјава, кој што толку трпеливо и упорно работи на својот сон, а досега неговите 152 претстави се одиграни пред четириесет илјадна публика.

После претставувањето на детската театарска школа, следува претставата од Белгија, Морскиот брег.