Започнува БИТ ФЕСТ- најдолгото културно лето во Македонија

0
93

Во сабота на 27.06 со филмска музика на Битолскиот камерен оркестар и Примадоната Весна Гиновска – Илкова, официјално започнува една од најзначајните манифестации од мултимедијален културен карактер, јубилејното десетто издание на БИТ ФЕСТ 2015, кое се организира во соработка со културните институции и граѓанските здруженија од општината, а под покровителство на градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Годинава на БИТ ФЕСТ ќе бидат забележани околу 180 културни настани и манифестации презентирани во период од 60 дена, каде што публиката ќе има можност да ужива во домашна и странска културна понуда. Градоначалникот на општина Битола соопшти дека ќе биде искористена секоја локација каде што уметниците мислат дека може да се презентираат.

BITFEST2.jpg

Годинава десеттото јубулејно издание донесува значајни културни случувања а дел од нив се:
Симфонискиот оркестар од Утрет – Холандија, израелската театарска претстава „Нашиот глас”, интернационалните театарски продукции од Шекспир фестивалот, познатата рок група „Ван Гог”, јубилејното 45 издание на Илинденски денови и секако големите концерти на Фолтин и битолчаните Ламбе и Димитар. И годинава во шеесетте фестивалски дена Бит фест нуди над сто и осумдесет културни наслови кои вклучуваат многу повеќе случувања и кои Битола како многувековна урбана значајна точка на културната светска мапа, буквално ја прават една голема сцена на креативноста и создавањето.

BITFEST3.jpg

Општина Битола ќе учествува во соорганизацијата на национални културни манифестации кои традиционално се одржуваат во градот како што се Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови” и театарскиот „Битола Шекспир фестивал”.

Последниот ден на 27 август од битолското културно лето ќе биде заокружен со настанот Широк Сокак во бело. БИТ ФЕСТ се одржува со средства од локалната самоуправа и под покровителство во градоначалникот Талески.