Започнува Божиќниот пост

0
247
The christmas ceremony in the orthodox Russian Church of Maria Magdalene in the foot of Mount of Olives in Jerusalem on January 6, 2008. This Russian church is dedicated to Miriam from Migdal (Maria Magdalene), who was a prostitute that reformed and turned into Jesus' follower. Maria was the first to see Christ after she was resurrected. Though she was very close to Jesus, she was never recognized by Christianity as one of the Apostles. Photo by Anna Kaplan/ Flash90

Денеска за сите православни верници почнува божикниот пост, кој подразбира воздржување од мрсна храна, лоши мисли и дела во наредните 40 дена.
Постот подразбира воздржување од храна, лоши мисли и страсти во одреден временски период. Целта на постот е да се исчисти душата и телото, а во божикните пости се подготвуваме за најрадосниот празник – раѓањето Христово, односно Божик.

Во текот на овој пост не се јадат намирници од животинско потекло, но дозволени се масло и вино, во сите денови, освен во среда и во петок, кога е строг пост. Риба се јаде секоја сабота и недела како и на празникот Воведување на пресвета Богородица, дури и ако празникот падне во среда или во петок.
По постот, кој трае шест недели, верникот пристапува на светите тајни на исповедта, покајание и причест. Меѓутоа, постот не се состои само од воздржување од храна и пиење, туку и од одрекување од зли мисли, желби и дела.
Поради тоа би требало да се потрудите да правите добри дела, редовно да се молите, да помагате на другите и да живеете по христијанските правила.

Се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои Христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот, единствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото која се движела од Западот кон Истокот и која ги довела во Витлеем.

Без коментари

LEAVE A REPLY