Започнува јубилејното издание на детскиот театарски фестивал Битолино

0
457

Од 5- ти до 7- ми август, ќе се одржува 5 -тото издание на интернационалниот детски театарски фестивал- Битолино,на кој
најмладите театарски љубопитници ќе можат да гледаат по две претстави дневно. На програмата се 6 претстави од Хрватска, Израел, Франција, Австрија, Шведска и САД.
Фестивалот ќе го отвори претствата Не, не ти! Или за различноста, на Мала сцена од Загреб, која претстава ќе биде изведена на новата сцена во Центарот за култура, во 18.30.
Потоа следува претставувањето на членовите на детскиот театар Бабец,
а во 20.00 часот во големата сала, најмладата битолска театарска публика ќе има прилика да ја гледа шведската претстава, на теататарот од Лунд „Звучи – ЗУН ЗУН“.
На фестивалот оваа година присутни бројни гости од државите учеснички.
Жири комисијата оваа година е составена од битолската актерка Соња Михајлова, режисерот Јован Ристовски и гостинката од Русија која воедно е и претседател на жирито , раководителот на детскиот театар од Санкт Петербург Валентина Лутц.
Инаку Бабец театар е можеби единствениот детски театар во земјава, кој што толку трпеливо и упорно работи на својот сон, а досега нивните 152 претстави се одиграни пред четириесет илјадна публика.
Минатата година ја основаа детската театарска школа Бабец а оваа година успеаа да го реализираат планот за редовен репертоар на детски претстави во Центарот за култура.
Овие три дена се посветени на најмладите, што уште еднаш ја потврдува заложбата на БИТ ФЕСТ 2015, да понуди содржини за сите вкусови, најразлични возрасти и широка публика.

Без коментари

LEAVE A REPLY