Започнува јубилејното издание на фестивалот Илинденски денови

0
320

Јубилејното 45 -то издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови”, оваа година ќе се одржи од 28- ми јули до 1- ви август.

Директорот на Центарот за култура-Битола, Борче Димитровски на денешната прес конференција, соопшти дека годинава има неколку фестивалски новини и повторно силна меѓународна програма која ќе ја исполнат фолклорни групи од Полска, Италија и Хрватска.

Свеченото затворање на фестивалот годинава е доделено на групата „Љубојна”, со концертот наречен Шербет Љубојна и е заедно со Исмаил Лумановски.

Како меѓународна фолклорна манифестација предизвикува голем интерес и во другите земји, чии фолклорни друштва и групи досега имаат земено учество на него. Покрај главната програма тука се и придружните манифестации.

Илинденски денови, ја презентира желбата да се зачува, а истовремено да се популаризира изворниот фолклор.

Се одржува секоја година наспроти националниот празник на македонскиот народ 2-ри август- Денот на Илинденското востание.

На него достојно се афирмираат народните песни и игри, не само на македонскиот народ и народности кои живеат во Македонија, туку и на народите од светот.