Започнува Културно лето „Новаци 2015“

0
161

Во понеделник со детскиот летен камп започнува манифестацијата „Културно лето Новаци 2015″. Ова манифестација се одржува по трет пат и оваа година покрај од општина Новаци е поддржана и од Министерството за култура.

„Општина Новаци секогаш ги поддржува културните настани а оваа година културното лето го финансираме заедно со Министерството за култура. Како и секогаш ваквите настани наидуваат на голем интерес кај локалното население” рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Културно лето Новаци 2015 е поддржано од Министерство за култура во рамките на осмиот „Топол културен бран” а настаните кои се финансирани од оваа програма се предвидени за втората етапа која ќе се одржи во втората половина од месец август.
„Оваа година започнуваме најпрво со детска програма „Летен детски камп” кој ќе трае 5 дена а ќе учествуваат деца од повеќе општини од регионот на кои ќе им се даде можност да се доживеe летен камп, со активности, игри, спортови и многу забава! .Темата на кампот ќе биде “Around the World” и ќе се однесува на културите и традициите од различни држави. Понатаму следуват театарски претстави,етно концерти,музички перформанс од модерни танци ,популарна музика,гостување на КУД „Дримкол”од Вевчани ,други културно уметнички друштва,стенд -ап комедија, „Сенките не одминуваат” вечер на поезија со Никола Маџиров,изложби на уметничка фотографија и електронски разгледници,промоција на документарен филм.Фолклорна бисерница група „Фонтана” рече Елизабета Јончиќ, претседател на КИК Новаци.
Новина годинава во организацијата на Културно лето Новаци 2015 година е начинот на спроведувањето на што му претходеше обајвување на јавен оглас.
„На јавниот оглас кој го објави општина Новаци за учесници се пријавија многу заинтересирани а комисијата составена од советници, КИК Новаци, КУД Новаци и други здруженија на граѓани избравме оние кои беа најитересни да е најдат на овогодишната програма ” рече Васко Секуловски, советник, Комисија за култура.
Културно лето Новаци 2015 година ќе започне во јули а ќе заврши на 30 август. Настаните ќе се одржуваат во две етапи а предвидени се вкупно 13 перформанси од различни учесници.