Започнува Виенската конференција посветена на западен Балкан

0
903

На дводневната конференција за западен Балкан во среда и четврток во Виена ќе присуствуваат премиерите и министрите за надворешни работи и економија на Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Македонија, Србија и Косово.

Дводневниот собир е дел од Берлинскиот процес кој минатата година го иницира германската канцеларка Ангела Меркел, со цел да се поттикне процесот на приближувањето на западен Балкан кон Европската унија (ЕУ).

Во среда ќе биде одржан состанокот на министрите за надворешни работи, како и форумот на организациите од граѓанското општество, на кој ќе учествуваат и премиерите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама. Состанокот на претседателите на владите, на кој ќе учествуваат шест западнобалкански премиер, ќе се одржи во четврток.

Самитот ќе биде отворен од страна на австрискиот канцелар Вернер Фајман, кој по завршувањето на самитот јавноста ќе ја информира за резултатите од него, заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и српскиот премиер Александар Вучиќ.

Покрај домаќините, австрискиот канцелар, германската канцеларка и високите претставници на ЕУ, на самитот ќе учествуваат и претставници на Франција и Италија, кои изразиле подготвеност да бидат домаќини на некој следен самит, како и Словенија и Хрватска, кои силно го поддржуваат процесот на приближувањето на регионот кон ЕУ.

Западнобалканскиот самит ќе биде поделен на три сегмента, односно состаноци на премиерите, шефовите на дипломатиите и министрите за економија, а главните теми ќе бидат инфраструктурното поврзување, регионалната соработка, младите и бегалската криза./крај/мф/бс

Без коментари

LEAVE A REPLY