Започнува жешко и сушно лето

0
1616

Во вторник, на 21 јуни, во 00 часот и 34 минути (по полноќ), на северната полутопка и во Република Македонија почнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка во вторникот ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден.

Веќе од средата (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2016 година. Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември во 16 часот и 21 минута (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента.

Според релевантните прогнози, оваа лето на Балканскиот Полуостров (поточно во ЈИ Европа) и во Македонија ќе биде доста топло, со чести топлотни бранови и температури и над 42 степени Целзиусови (во пониските подрачја). жешко летоВсушност, според сите достапни информации, сосема веројатно е дека ова лето, па и целата 2016 година ќе бидат меѓу најтоплите во последните 100-200 години. Краткотрајни заладувања ќе има во почетокот на јули и крајот на август, а доста високи температури во останатиот период. Паралелно со високите температури, ни претстои доста сушен период речиси до средината на септември. Наведеното е во согласност со досегашните сценарија и проценки за ефектот на  климатските промени во овој дел на Европа. Затоа планирајте каде и како ќе се разладувате, но воедно внимавајте на претераната изложеност на високите температури и УВ зрачење! (За повеќе информации за годишните времиња и опасноста од УВ зрачење видете ги статиите на ИГЕО порталот).

Извор: Игеопортал