Започнуваат пролетните температури

0
368

Во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло поради јужното воздушно струење. Попладне наоблачување. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се спуштат до -4 односно до 3 степени, додека пак максималните ќе бидат во пораст и ќе се движат од 9 до 18 степени.

Од вторник Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и константен продор на топла воздушна маса од југ која ќе услови стабилно време и пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во вторник претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 12 до 21 степен. Од среда сончево и многу топло. Максималните температури во среда од 14 до 23 степени, во четврток од 16 до 25 степени, а во петок од 17 до 26 степени.