Запознај, види, направи- конференција на музеите на Балканот

0
373

Музејски професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Холандија, Србија, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство, присуствуваа на една од најголемите музејски конференции на Балканот.

Четвртата годишна конференција “Запознај,види, направи” се одржa од 13-15 април 2016 година во Скадар, Албанија. Конференцијата е организирана од Балканската мрежа на музеи, мрежа на повеќе од 40 музејски институции од Балканот и Фондацијата Културно наследство без граници.

Запознај,види, направи, конференцијата е организирана за поттикнување на прекуграничната соработка и размена меѓу музејски професионалци и професионалци за културно наследство на Балканот. Тоа е место за учење и споделување и одлично место за градење на партнерства.

Учесници од Македонија беа д-р. Ирена Ружин и м-р Јове Парговски ( НУ Завод и музеј Битола), Горан Патчев од (НУ Завод и музеј Охрид) и Драган Величковски ( Градски музеј од Крива Паланка).

Без коментари

LEAVE A REPLY