Запуштен приватен простор во централното градско јадро

0
613

Поранешната барака на Финансов оставена на забот на времето.Во строгиот центар на градот каде фрекфренцијата на луѓе и возила е голема, објектот е руиниран и запуштен. Дворот не изгледа толку запуштено, но затоа од страната на улицата „Цар Самоил“ бараката е обрасната со трева висока околу два метра. Жителите се жалат дека ваквата слика во строг центар на градот е срамота и стравуваат од инсекти па и од змии.

baraka 2
– Никаде во светот нема вакво нешто, сред центар во градот трева голема. Па змиите ќе не изедат, а тука и граѓаните физиолошките потреби ги извршуваат, вели граѓанин
-Треба да се среди, змиите ќе не изедат, вели граѓанин

baraka
Побаравме одговор од ЈП за Стопанисување со станбен и деловен простор, кај нив објектите биле до пред 5 до 6 години, и како што велат од таму, со денационализацијата биле вратени на сопствениците. Она што останува како прашање, дали вакви објекти и во ваква ситуација треба да егзистираат било каде во урбана средина?
Според законот за јавна чистота на Р.Македонија Одржувањето на јавната чистота на отворените простори на јавните објекти во државна,односно општинска сопственост го врши општината, а на објекти во приватна сопственост и на дворните површини на колективните и индивидуалните објекти за домување го врши сопственикот на објектот. Во конкретниов случај останува на сопствениците кои што со денационализација го добија овој објек да го уредат согласно законските обврски.