Заради нивните предци се качуваат на Големо Езеро

0
3626

Највисоките врвови на секоја планина, независно од нејзината висина, секогаш се најпривлечните и најафирмираните места кога станува збор за прва посета на некој планински масив.Според некои непишани правила, не би било логично, на пример, човек да се качи на Пелистер , да не отиде до Големо Езеро Орлови Бари. Убавините на Баба Планина изнудуваат воздишки со нивната импресивност и уникатност.

golemo ezero turisti 2И како секоја планина што крие приказни, така и Баба Планина. Нас една таква приказна ни ја раскажаа планинарите а ние ја споделуваме со вас. Секоја година Големо Езро е посетено од странски туристи, а годинава пред 10 тина дена посета и од французи.

golemo ezero turist 2Освен што сакале да ги видат убавините на Националниот парк Пелистер една французинка водејќи се од писмата на прадедо и кој што војувал во првата светска војна на Орлови Бари, дошла подобро да ја разбере и научи неговата приказна

golemo ezero 5

-Имено нејзиниот прадедо војувал на овие простори околу Големо Езеро, Орлови Бари и испратил дома преку 400 тина писма за неговиот престој овде. И беше интересно тоа што писмата беа во оргинална верзија. Покажаа сертификат дека тој учествувал и се борел во Првата светска војна, потпишан од крал Петар и успеал да преживее некако. Во неговите писма тој кажал дека војничкиот живот бил многу тежок, меѓутоа најмногу стравувале од непријателската авијација која што кон крајот на седумнаесеттата година била интензивна на овие простори. После стапувањето во контакт со фамилијата на овој војник, ни ветија дека ќе ни пратат копии од оргиналните писма и од сертификатите за да можеме да ги изложеме во домот, изјави Петар Нолев, планинар

mrazarnik

Ова е само една приказна која ја споделивме со вас . Се кријат уште многу , бидејќи Националниот парк се карактеризира со многу природни феномени, со невообичаени структурни белези, специфична геолошка конструкција, несекојдневна планинска вегетација, поволни хидрографски услови, како и со специфични климатски услови, кои придонесуваат за комплетирање на ова природно богатство.

6Изобилува со уникатно природно богатство и претставува дом на ретки и ендемични животински и растителни видови. Велат, кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ќе дојде пак…