Заради преопровареност на мрежата, останаа без струја

0
562

Револтирани заради проблемите со струјата, Ромите од населбата над Битола вчера го блокираа магистралниот пат Прилеп – Битола – Ресен, а револтот го изразија со палење ѓубре, што не е прв пат да се решат на ваков чекор. Велат десетина дена немале струја, а се заканија дека  ќе останат на патот се додека не се појават надлежните за им го решат проблемот со прекинувањето со снабдување на електрична енергија. блокада
Заради блокадата, Возачот Васил Кавгаџиски од Струмица, попладневно не можеше да го продолжи патот за Ресен со својот камион, заглави меѓу барикадите.

-Во 14 часот пристигна овде, ставени беа барикадите, ми рекоа протестираме, не те пуштаме. Јас ја викнав полицијата, дојдоа. Јас сакав да се вратам на рикверц, но зад камионот запалија оган и не можам да одам ни напред ни назад, вели Кавгаџиски.

Ромите се жалат дека живеат во субстандардни услови, а сега и во мрак зашто велат дека од ЕВН им ја исклучиле електричната енергија, а како социјални случаи тврдат дека биле ослободени од плаќање.

-Овие деца треба да учат. Треба да напишат домашно? Како да учат, на што да пишта без струја.
-Пред неколку дена имавме смртен случај, мртовецот го чувавме во темница.
-Јас лично добив решение да не плаќам струја, ослободен сум, а има и многу други што добија такво решение, велат Ромите.

Од ЕВН пак велат дека никој не е ослободен од плаќање електрична енергија, туку компанијата само ја поддржа владината акција за отпишување на долговите на социјалните случаи. Со таа акција се отпишаа старите долгови за потрошена електрична енергија на социјално ранливите семејства. Плаќањето на редовните сметки е обврска на секој од нас или секој плаќа за тоа што го има потрошено, вели портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски. Електричната енергија во оваа населба не е исклучена, туку заради енормна потрошувачка реагира заштитата на трафостаниците. Екипите на ЕВН ќе ги заменат осигурувачите, но апелираат разумно да се користи електричната енергија. Таму мрежата е нова, реконструирана и е со капацитет да го издржи нормалното користење на електрична енергија или поточно двојно повеќе од пријавената потрошувачка. Но неможе да издржи кражби кои во ова населено место ги има во голем број, дополнува Ковачевски. Регистрирано е неовластено користење и самоприклучување на оние кои се исклучени поради неплаќање. Од сето тоа штета трпат и оние кои редовно плаќаат и целата дистрибутивна мрежа, велат од ЕВН.

Од СВР Битола велат дека магистралниот пат Прилеп Ресен беше блокиран од 15:00 до 19:40 минути, полицијата вршеше обезбедување на просторот и регулација на сообраќајот. Додека беше блокиран патот, сообраќајот беше пренасочен преку сообраќајниците низ градот. После завршувањето на блокадата, Македонија пат го расчисти патот.