Засадени 10 илјади садници во Ресен

0
478

Денеска во рамките на 16-та акција Ден на Дрвото 2015 година која се реализира на територија на општина Ресен под мотото ” Засади Успех” се засадија околу 10000 садници  на питом костен и црн бор на површина од 2 хектари во атарот на с.Сливница во близина на Преспанското Езеро, во месноста Црква Свети Димитрија.

strezovski

Во акцијата масовно учество преку организиран превоз зедоа  повеќе стотина ученици,граѓани и преставници на локалната власти и другите државни институции.

Инаку претходно во изминатите два дена Јавното Комунално Претпријатие Пролетер низ градот Ресен засади и 300 декоративни дрвја на повеќе локации со што всушност и ја најави денешната акција.