Засилено обезбедување заради закани

0
398

-Многу медиуми поведоа засилена кампања против европските претставници, и затоа мора да го зголеме обезбедувањето.

Ова го изјави денеска Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав на Седницата на собраниската комисија за европски прашања и националниот совет за евроинтеграции.

Аиво Орав рече дека европските претставници се изложени на закани, иако и сакаат добро на Македонија и постојано се обидуваат да помогнат во решавањето на политичката криза во државата.

-„Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат, но сега веќе започна негативна кампања против посредниците на ЕУ, и на самиот комeсар Хан како и против неговиот експерт во Скопје, Ванхауте .

Дури и заканите се зголемени до таа точка што сме принудени да ги зголемиме мерките за безбедност.”, изјави Аиво Орав.