Засилување на безбедносните мерки пред олимпијадата во Рио

0
383

Владата на Бразил имаше итна седница денеска со цел дополнително да се донесе одлука за сигурносните мерки во пресрет на Летните олимписки игри во Рио што започнуваат на 5.август.

Ваквата одлука на владата во Бразилија е донесена по терористичкиот напад во Ница.

Во соопштението стои дека посетителите во Рио можеби ќе се чувствуваат помалку пријатно, но секако нивната безбедност ќе биде највисоко ниво. Бразил во текот на игрите се очекува да го посетат повеќе од 500.000 туристи.

Воската ќе започне да започне да патролира околку спортските борилишта на 24.јули, додека низ улиците на Рио ќе се движат повеќе од 80.000 полицајци и војници.