Затворен патот Битола-Ресен

0
1395

АМСМ објави дека од АД Гранит известуваат дека поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3 делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Оваа реконструција од општина Ресен првично беше најавувана за средината на Јули, но заради годишни одмори се пролонгираше за средината на Август, а почна на почетокот на овој месец.