Затворена плажа на Азурниот брег поради доаѓањето на саудискиот крал

0
157

Француските власти во саботата го забранија пристапот до плажа на Азурниот брег во близина на вилата на саудискиот крал, во очекување на неговото доаѓање со многубројната придружба.

Полициската управа на департманот Алпе-Маритим соопшти дека во петокот навечер ја донела одлуката за забрана за влез за граѓаните во крајбрежниот појас крај кралскиот имот во Валори Голф-Жуан, во близина на Кан. Одлуката стапи на сила во 8 часот утрото во саботата, а пристапот до плажата Мирандола и патеката која од брегот води до вилата го обезбедува полицијата.

Одлуката требаше да стапи на сила дури по доаѓањето на саудискиот крал Салман бен Абделазис ач-Сауд, но одлуката на властите ја забрзала можноста плажата да биде окупирана од локалното население кое се противи на затворањето на овој јавен простор. Покрај тоа, донесена е и одлука за забраната за пловидба 300 метри од брегот околу имотот.

Приватниот авион на 79-годишниот крал Салман во саботата доцна попладнето слета на меѓународниот аеродром во Ница. Кралот на одморот го следи свита од околу илјада луѓе. Неговите престојувања претставуваат погодност за локаната економија на дадено подрачје, но и пречка за вообичаеното функционирање на локалното население./крај/мф/сн