Затворени гласачките места на Косово, Харадинај прогласи победа

0
531

Кандидатот за премиер на Косово и поранешен командант на УЧК Рамуш Харадинај по објавувањето на првите прелиминарни изборни резултати на телевизијата Клан Косова изјави дека новата влада ќе биде формирана на време.

Харадинај, кој е кандидат на коалицијата на Демократската партија на Косово , Алијансата за ново Косово, Иницијативата за Косово и десет помали партии кажа и дека победата на неговата коалиција е поубедлива отколку што покажуваат анкетите.

„Косово го положи испитот. Честитам на изборите, Косово“, кажа Харадинај, оценувајќи дека овие избори се најдобри кога било одржани на Косово.

Од друга страна, лидерот на Демократскиот сојузна Косово Иса Мустафа ја обвини телевизијата Клан Косова дека е извршител на волјата на „кланот на мракот“ и оцени дека излезните анкети на телевизијата се „невистинити и нарачани“ и дека целта е „да влијаат на резултатите пред првичните резултати да ги соопшти Централната изборна комисија.

„Волјата на граѓаните не може да се смени со излезни анкети бидејќи ваквите истражувања се покажаа како невистини, бидејќи конечните резултати секогаш биле поинакви“, кажа досегашниот косовски премиер Мустафа на конференција за новинарите.