Затворени Меџитлија и Богородица поради штрајк на грчките земјоделци

0
556

Сообраќајот на граничните премини Богородица и Меџитлија денеска ќе биде во целосен прекин поради штрајк на грчките земјоделци кои ќе постават механизација во близина на границата.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе биде во прекин од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.

На 26.01.2016 година во времето од 11,00 до 13,00 часот, и во времето од 18,00 до 20,00 часот, поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини (трактори) во близина на ГП„Ники“-Р,Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Р.Грција.

На 26.01.2016 година во времето од 11,00 до 13,00 часот, поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини (трактори) во близина на ГП„Евзони“-Р,Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Р.Грција.