Затворени Олимписките игри во Рио

0
303

По 16 денови и настап на повеќе од 11.000 спортисти од 206 држави, во 28 спортови, завршија 31-те Летни олимписки игри, чии домаќин беше Рио де Жанеиро.

Церемонијата на свеченото затворање на Игрите беше вистински спектакл, односно карневал кој траеше речиси три часа.

Првиот човек на МОК, Томас Бах, на затворањето порача дека Бразил за време на 16-те денови успеал со родоста кон животот да го инспирира светот.

„Ова беа фантастични олимписки игри, ова е фантастичен град“, рекол Бах.

Наредните Олимписки игри ќе се одржат за четири години, во јапонската престолнина Токио, каде спортистите ќе се натпреваруваат во 33 дисциплини. Игрите во 2022 година ќе се одржуваат од 24.јули до 9.август.

На олимпијадата во Рио, најмногу медали, 121, освоија спортистите од САД (46 златни, 37 сребрени и 38 бронзени), а вкупно 87 држави се најдоа на листата на освојувачи на медали. Зад Американците следуваат Велика Британија, Кина, Русија, Германија.