Затворениците бараат да влезат во „Клубот на помилувани“

0
435

Над 2000 затвореници ќе бараат аболиција од Претседателот Ѓорѓе Иванов. Осудениците од повеќе затвори се охрабриле од масовната аболиција на политичарите, па ќе се обидат и тие да издејствуваат милост од шефот на државата. Нивните аргументи се дека политичарите не смеат да бидат привилегирани, ниту пак затворениците се граѓани од втор ред.

Живко Пејковски, директор на затворот во Идризово до Претседателот Иванов поднел писмено барање да се повлече одлуката за аболиција за него.

„ Бидејќи како чесен човек и директор на затворот Идризово тврдам дека никогаш немам направено никакво кривично дело и со поништувањето на вашата одлука барам постапката против мене да продолжи и својата невиност да ја докажам во законита постапка, пишува Пејковски во барањето до претседателот во кое вели дека и покрај почитта за одлуките на Иванов и мотивите на постапката бара да се повлече одлуката за негово помилување“ напишал Пејковски во писменото барање до Претседателот.

Иванов ги повика сите аболирани, кои не се согласуваат со аболицијата да испратат барање за нејзино поништување, па неговиот тим да разгледа дали е тоа можно. Од неговиот кабинет досега нема решение по ваквите барања.