Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Скопје

0
1012

„Се потсетивме на 173-те илјади нови отворени работни места и видливо смалената невработеност, на повеќе од 100 инвестиции, на растот на пензиите и тоа на најниските за 106 осто, на просечните за повеќе од 80 осто, на над 1 милијарда евра обезбедени за субвенции на земјоделците, повисоките плати, воведената минимална плата која потоа неколку пати растеше, повисоките социјални помошти за ранливите групи, за новите автопатишта, експресни, регионални и локални патишта, илјадниците километри водоводни и канализациски мрежи, за укинатите визи за патување низ Европа, за воведените евтини авионски летови за патувања, за бесплатните учебници, за новите универзитети и факултети финасиски достапни за сите, за успехот со огромната интернет пенетрација, за новите, реновираните и целосно опремени болници, новите и реновираните училишта, градинки, за речиси двојно зголемената просечна плата во Македонија, за градбата на гасоводите, и илјадници други проекти“ вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот централен и завршен митинг пред Владата на Македонија во Скопје.

„Потоа ви ја најавивме новата ера и сите проекти кои ги предвидуваме и планираме во иднина во Македонија. Слушнавте за новите најмалку 150.000 нови работни места кои ќе бидат отворени во Македонија односно пад на невработеноста под 10 осто. За двојно намалена невработеност кај младите. За 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица,  новата ера каде имаме парк во секое маало. Нова ера во која учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште, со што ќе обезбедиме здрава исхрана за учениците и заштеди за семејствата. Новата ера која ќе донесе можности за граѓаните за стекнување на сопствен дом по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар на земјиштето и ќе ги укинеме и намалиме трошоците за комуналии. За отпис на долгови за вода и ѓубретарина на социјално загрозени семејства“ рече Груевски.

Без коментари