Завршена заложничката драма во Ерменија

0
590

Вооружената група, која ја зазеде базата на полициската патрола и инспекцијата во Ереван, ги ослободи последните четворица полицајци, со што заврши неколкудневната заложничка драма во Ерменија.
Тешко вооружена група, приврзаници на ерменската опозиција, сепак остана во зградата, пренесе AFP.

Група приврзаници на опозицијата и на поранешниот воен командант Жираир Сефиљан, кој се наоѓа во затвор, упаднаа на 17 јули во зградата на полицијата во Ереван, убивајќи еден полицаец, а земајќи неколкумина за заложници, барајќи оставка на претседателот Серџ Саргсјан и ослободување на Сефиљан. /крај/он/ст