Заврши 36-тото издание на ИФФК.Браќа Манаки

0
753

Со доделување на главните награди во Центарот за култура, свечено беше затворено 36-тото издание на ИФФК.Браќа Манаки во Битола.
На манифестацијата беа доделени 10 награди. Најголемо внимание привлекоа добитниците на главните награди во официјалната програма.
Златната камера 300, беше доделена за кинематограферот Маќаш Ердели за унгарскиот филм Синот на Саул.

Оваа година жирито беше во состав: Ришард Ленчевски, претседател, Божидар-Бота Николиќ, Хајет Бенкара, Ерџан Кесал и Митко Панов.

Сребрената камера 300, ја доби Адам Аркапо за филмот „Магбет“, за исклучителната вештина што ги става новите технологии во служба на класичната Шекспирова драма. „Бронзената камера“ ја доби Матео Гусман, за филмот „Земја и сенка“, за претставувањето на руралната Америка со поетски и магичен реализам на начин ретко виден на филм. Жирито додели и Специјално признание за Мортеза Геиди за филмот „Нахид“.IMG_4211

Жирито го истакна и кинематограферскиот талент на Владан Радовиќ, за филмот „Црни души“. Најдобар филм во програмата „Нов европски филм“ е „Овни“ во режија на Гримур Хаконарсон. Овој проект ќе добие и 10.000 евра што ги доделува „Унгарската филмска лабораторија“ за постпродукција за следен филмски проект.IMG_3890

Жирито во оваа програма го сочинуваа Хатиџе Аслан, турска актерка, Јарив Хоровиц и Владан Петковиќ.

Во оваа професија сум 47 години и можам да кажам, во светот не постои место каде те застануваат на улица, како тука во Битола и те прашуваат за камерата во филмот. Браќата Манаки поставиле одлична основа и сега сигурно би се гордееле со вас-истакна добитникот на наградата за животно дело, Божидар Бота Николиќ.
-Во мене често снимаше режисерот а режираше кинематограферот. Тука се чувствувам како свој на своето и меѓу своите-додаде тој.

Најџел Вотерс, претседателот на Светската федерација на кинематографери ИМАГО, му ја врачи наградата на лауреатот Јаромир Шофр, кој истакна дека се надева дека сите филмови ќе бидат дигитализирани, бидејќи тоа д единствен начин тие да се сочуваат.
Бона деа наградата за најдобра камера, отиде за филмот Планина во режија на Салавиза,а на кој кинематографер е Вијана .Тој преку видео порака се заблагодари за наградата на жирито и истакна дека наградениот е прв заеднички долгометражен игран филм со Салавиза, покрај досегашните кратки филмови.

Во новата програма „СЕЕ Камера“, наградата „Златен Манаки“ ја доби турскиот филм „Сивас“ во режија на Каан Мујдеџи. Најдобар кинематографер во оваа програма е прогласен Милош Срдиќ, за филмот „Шумите се се уште зелени“. Во жирито членуваа: Маја Богојевиќ, филмски критичар, Диомидес Никитас, продуцент и Мирослав Момчиловиќ, режисер.

Кинематограферот Горан Наумовски, ја доби наградата Мала златна камера 300 за филмот Долу од рајот, во програмата краток филм.

Свечениот коктел се одржа во ресторан Белведере, каде беше и модниот дизајнер и стилист Андреј Папаз.

Во рамките на затворањето, беше изведен проектот Мил Тон на Гоце Наумов, во кој низ видеа на браќата Манаки и низ негова авторска музика, не врати пред еден век, кога твореле патроните на фестивалот.
Во чест на наградените беше прикажан тајванско кинескиот филм Убиец.