Заврши акцијата во Сен Дени: двајца мртви, седуммина уапсени

0
282

Големата акција во париското предградие Сен Дени заврши, рече портпаролот на француската влада.

Француските медиуми велат дека тимовите за борба против тероризмот и специјалците на улиците околу станот веќе им отвораат пат на детективите и форензичарите, кои ќе почнат да ги идентификуваат и анализираат доказите во нападнатиот стан.

Сè уште нема информации за тоа што се случило со последното лице за кое сè уште се смета дека е во станот.

Полициски извори рекле за БФМ ТВ дека полицијата веќе неколку дена надгледува жена за која постои сомневање дека би можело да го засолнува Абдел Хамид Абуоуд, кој се смета за организатор на париските напади. За него претходно се мислеше дека е во Сирија.

Сè уште не се знае дали тоа е истата жена што утринава се разнесе во станот.