Заврши евакуацијата во Собранието на Македонија

0
475

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопшти дека евакуацијата на Собранието е извршена, по што била дадена наредба да се проверат просториите за евентуално останати лица на кои им е потребна медицинска помош.

По извршената евакуација, во 22.35 часот издадена е наредба на полициските службеници на терен да извршат проверка на сите работни простории во Собранието на Република Македонија за евентуално останати лица на кои им е потребна медицинска помош.

Исто така издадена е наредба на полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Скопје за проверка на болниците во градот за утврдување на број на повредени лица и нивна здравствена состојба“, се вели во соопштението на МВР.

Претходно беше потврдено дека се врши евакуација во Собранието на Република Македонија, а дека повредениот пратеник Зијадин Села бил евакуиран и со специјално возило бил префрлен во Ургентниот центар.