Заврши интернационалниот Џез викенд во Прилеп

0
389

Со синоќешниот настап на македонскиот виртуоз Влатко Стефановски и на хрватскиот џез- ансамбл „Франц Кафка“ во он-програмата, како и со свирката на турскиот маестрален џезист Џингис Ибрахим со проектот „Хај џез 3“ во оф-програмата, заврши петтото издание на Интернациоалниот џез-фестивал „Прилеп – Џез викенд“.

IMGL7512

Во изминатите три дена на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ се претставија 10 ансамбли со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката.

IMGL7187

Годинашниот јубилеен џез- викенд во Прилеп, всушност е заокружување на богатото Прилепско културно лето во чии рамки се одржаа бројни културни манифестации: изложби, концерти, театарски случувања и сл.

IMGL7406

IMGL7308

IMGL7247

IMGL7194