Заврши мини турнејата на Каролина Гочева низ Македонија

0
818

Во античките театри во Битола и Охрид, се бараше карта повеќе за прекрасните концерти на Каролина Гочева, која пред повеќе од 5.000 фанови го изведе материјалот од својот историски проект „Македонско девојче“.
Покрај песните од двата албума „Македонско девојче“ и „Македонско девојче 2“, изведе и дел од познатите поп хитови, но со поинаков аранжман, соодветен за атмосферата на овој проект.
Македонското девојче, во својот роден град во античкиот локалитет Хераклеја, одржа концерт за паметење. Големиот број присутни уживаа во двата часа поминати со неа и нејзиниот бенд кои на вистински начин возвратија на атмосферата која ја создаде Каролина Гочева, презентирајќи го своето дискографско минато .
Каролина ги почести присутните со прекрасните изведби на: “Вези, вези”, “Чалгиска”, “Две лири”, “Ако згрешам нека изгорам”, “Од нас зависи”, “Смеј ми се смеј”, “Кој да ми запее”.
Публиката уживаше, пееше заедно со Каролина, бурно и долго ракоплескаше по секоја нејзина изведба, а на крајот не изостанаа и овациите и враќањето на бис.
По охридскиот концерт во Античкиот театар и концертот на историскиот локалитет Хераклеа, во родната Битола, на 2-ри авугст мини турнејата низ Македонија, Каролина ја затвори со празничен концерт во Дојран.