Заврши претресот на СЈО во скопскиот Кривичен суд

0
244

Пет часа траеше претресот на тимот на Специјалното јавно обвинителство на канцелариите на претходниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски и на двајца информатичари од судот. Според изјавите на обвинителката Катица Јанева се работи за предистражна постапка во која се осомничени Панчевски и двајца информатичари, а во врска со злоупотреба на компјутерскиот систем при распределбата на случаите, а особено на оние од СЈО.

Тимот на Јанева излезе од судот со документи и други податоци собрани од компјутерите во Кривичниот суд. Истражителите на СЈО вршеле претрес и на домовите на овие лица.

Без коментари