Заврши проектот Буџет по мерка на граѓаните во Новаци

0
442

Сe одржа последната, шеста сесија од програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум“ со што заврши проектот на општина Новаци. Краен резултат на проектот е планираниот буџет за 2015 година по мерка на жители. Целта на оваа сесија е да се направи статистички преглед на реализираноста на проектите кои беа изгласани од граѓаните, да се презентира процентот на извршување на буџетот на општина Новаци за 2015 година.
„ Буџетскиот форум беше доста успешен во општина новаци, сесиите беа навистина посетени а што е најважно успеавме кај жителите на општина новаци да ја разбудиме нивната заинтересираност да бидат вклучени во планирањето на буџетот. Резултат на тоа беше донесен буџет на општина новаци за 2015 година во консултација со жителите на општината и согласно нивните потреби. На петтата форумска сесија жителите гласаа за вкупно 25 предлози. Од нив целосно се завршени 6 проекти, во тек се 14, до крајот на годината ќе се реализираат уште 2 а воопшто не се започнати само 2 проекти. Вкупниот буџет на општина новаци за 2015 година изнесува 268.065.024,00 денари. Досега процентот на реализација на општинскиот буџет изнесува 42 %. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Преку Програмата „Форуми во заедницата –Буџетски форум“ жителите на Новаци одлучуваа по приоритети за развој на општината и кои проекти може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.
„ Многу сме задоволни од организацијата на форумите и сметам дека ова треба да се продолжи и понатаму затоа што само на ваков начин може да се вметнат потребите на граѓаните во планирањето на буџетот за следната година. “ Жаклина Атанасовска, жител на општина Новаци.
Програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум“ е планирање на општинскиот буџет за следната година во консултација со граѓанството во зависност од нивните потреби. Буџетскиот форум е најдобра можност општината да покаже високо ниво на транспарентност и отчетност пред граѓаните. Преку реализацијата на овој проект граѓаните добија можност да увидат дека планирањето на ограничените средства не е воопшто лесно и дека општината не може да ги оствари сите приоритети.
„ Ова е еден од најуспешните форуми од сите општини кои годинава учествуваа во програмата. Се надевам дека општина Новаци и понатаму ќе ја задржи оваа практика и во своја режија пред планирањето на буџетот за следната година ќе продолжи со организирање на форуми бидејќи само на ваков начин ќе ја задржи транспарентноста на своето рабоетње“ рече Фисник Шабани од Единицата за координација на Програмата Форуми во заедницата.
Општина Новаци по втор пат работи проект од Програмата Форуми во заедницата. Првиот пат тоа беше меѓуопштинскиот форум кој се имплементираше заедно со општина Могила преку кој беше формирано заедничкото комунално претпријатие „Комунална хигиена“.

Без коментари

LEAVE A REPLY