Заврши средбата на Заев и Ахмети

0
291

Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети се сретнаа  во партиското седиште на Биххачка.

По средбата немаше изјави а ставот на двајцата лидери официјално ќе биде објавен преку сооопштение.

Течат роковите за избор на нова Влада. Заев како мандатар според Устав има рок од 20 ден за формирање на новиот владин состав.

Меѓутоа тој по добивањето на мандатот рече дека очекува новата Влада да биде составена за брзо време, пократко од предвиденото.