Заврши заложничката драма во Багдад, 12 загинати

0
342

Нападот во трговскиот центар во Багдад е завршен, при што се убиени 12 луѓе, јави AFP, повикувајќи се на извори од безбедносните сили на Ирак.

„Силите за безбедност целосно ја контролираат ситуацијата, напаѓачите се убиени и заложниците се ослободени“, соопшти ирачката полиција.

Вооружени мажи во понеделник активираа автомобил бомба и отворија оган во фреквентниот кварт на Багдад, а потоа грабнале повеќе лица во еден трговски центар. /крај/фк/ст

Без коментари

LEAVE A REPLY