Заврши заложничката драма во Буркина Фасо, 20 загинати

0
266

Безбедносните сили денеска ѝ ставија крај на опсадата од Ал каеда во хотел во главниот град на Буркина Фасо, убивајќи тројца исламистички напаѓачи и ослободувајќи 126 заложници, рече министерот за безбедност на оваа западноафриканска земја.

За најмалку 20 лица се верува дека се убиени во нападот на хотелот Сплендид во Уагадугу, кој почна во петокот доцна попладне. Ал Каеда во исламскиот Магреб (АКИМ) ја презеде одговорноста за нападот.

Симон Компаоре изјави дека сè уште се во тек операции во близина на вториот хотел, хотелот Јиби, и дека безбедносните сили се обидуваат да утврдат дали некои од борците се кријат таму.