Заврши заложничката драма во иранскиот парламент

0
139

Најмалку 12 лица се убиени, а десетина се ранети во нападите во Техеран, објави иранската државна агенција „Ирна“. Заврши заложничката криза во иранскиот парламент, а безбедносните сили проверуваат дали во зградата има бомби. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава, преку агенцијата „Амак“, која се смета за блиска до џихадистите.

Прво група вооружени напаѓачи упаднале во зградата на Парламентот и почнале да пукаат, а набрзо потоа се случил и нападот во мавзолејот на ајатолахот Хомеини. Тие прво пукале во обезбедувањето на Парламентот, при што, според извештаите, убиен е еден од чуварите, додека друг е ранет. Веднаш потоа, нападот во  Парламентот се претвори во заложничка криза кога напаѓачите зеле 4 лица како заложници и ги однеле на повисоките катови. По повеќечасовна акција, заложниците се ослободени.

Иранските медиуми објавија дека припадниците на специјалните сили во зградата на Парламентот убиле четворица напаѓачи, иако првобитно беше објавено дека еден од напаѓачите се разнел со бомба внатре во зградата, но оваа информација официјално не е потврдена.

Телевизијата Ирна објави дека безбедносните сили сега ја проверуваат зградата.

http://makfax.com.mk