Завршно обраќање пред молкот на кандидатот Зоран Илиоски

0
856

-Од вас очекувам да бидете вклучени во се’, заедно да работиме, оти Битола е ваша и така најдобро и најпрецизно ќе сработиме се’ што треба.

Јас и натаму ќе останам Зоран , оној со кој секојдневно ќе се среќавате и поздравувате на улица, ќе ме гледате на велосипед, во автобус, во такси, на пазар, по Широк Сокак.

Во оваа прилика нема да ви зборувам за проектите. Мислам дека веќе добро ги знаете и простете ако малку претеравме со нивното рекламирање и претставување . Сепак ова е кампња во која се натпреваруваме со идеите што ги нудиме.

Денес, сакам да ве повикам да бидете такви какви што сте, асли Битолчани, космополити со европски демократски навики, строги судии и критичари на секоја неправда, ревносни бранители на своето – локалпатриотското, горди навивачи, учители кои од се’ се разбираат и се’ знаат и тоа не треба да се сфати на шега, туку сериозно да се искористи како поттикнувачка енергија за еден градоначалник.

Почитувани Битолчани. Имате пенкало , ќе добиете ливче и ќе одите зад параван . Таму ќе заокружите една бројка и сето тоа ќе трае само еден миг. Но последиците од  тој миг, ќе ги чувствувате цели четири години. Гласајте по срце и гласајте со ум. Одговорете си кратко на едноставното прашање – Во кого имам доверба за да му го доверам управувањето со најубавиот и најградскиот град на светот? Која личност има таков капацитет? Со кого ќе се чувствувам безбедно, спокојно и сигурно дека Битола ќе оди на вистинскиот пат, ќе се развива и разубавува, ќе ги врати младите, ќе ги задржи децата …

Битола навистина заслужува да биде среќна. Ајде сите заедно да и’ го овозможиме тоа.Јас сум Зоран Илиоски . Се знаеме, ме знаете. Мојот број е 13, а вашата одлука треба да биде едноставна.Заокружете го и да работиме . Заедно. Веднаш.

Затоа што Битола заслужува подобра иднина. Битола е на сите, изјави Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција.