Завршува вкрстувањето на податоците од избирачкиот список, наскоро ќе почне и теренската проверка

0
393

Од Државната изборна комисија информираат дека рокот од 17 април за увид на избирачкиот список ќе биде запазен.

Во ДИК велат дека целата процедура со вкрстувањето на базите на податоци од повеќе државни институции (УЈП, Фонд за здравство, Фонд за пензиско, НБМ, МВР…) најверојатно ќе заврши наредната недела, по што би почнала и предвидената теренска проверка на избирачкиот список. Според правилникот, теренската проверка ќе се врши кај оние гласачи каде што податоците не се поклопиле во најмалку четири бази на податоци.

Од ДИК не ги коментираат последните информации во јавноста од увидот на граѓаните во избирачкиот список од декември минатата година објавен на апликацијата на нивната интернет-страница.

Членот на ДИK од редовите на ДПА, Бедредин Ибраими, вели дека сѐ ќе биде завршено навреме.

 „Непотребно е да се прави драма бидејќи списокот е работа на ДИK, а ние ќе ја завршиме во предвиденото време. И апликацијата е пуштена со намера и самите граѓани да си направат увид и да помогнат во расчистувањето“, вели Ибраими.