„Зборнаја“ се издигна и преку Италија обезбеди полуфинале

0
297

Русија – Италија 3:1 (30:28, 20:25, 25:23, 25:20)

 

Русија е првиот полуфиналист на европскиот шампионат за одбојкарки, кој заеднички го организираат Холандија и Белгија. По точно два часа четвртфинална борба, Русија ја совлада Италија во меч во кој решаваа нијанси. Во првиот сет двете репрезентации прокоцкаа по пет сет топки, за Русинките благодарение на сервисот да го добијат овој период од мечот со 30:28. Во многу поинакво светло се претставија избраничките на селекторот Марко Бонита во вториот сет и славеа со 20:25. Но високите и ментално поподготвени одбојкарки на Русија, се извлекоа од незавидна позиција и благодарение на Обмочаева го добија третиот период со 25:23. Загубениот трет сет остави трага брз „азурите“ и од самиот почеток на четвртиот сет „зборнаја“ се одлепи. Иако стигнуваа до -2,-1, благодарение на Гуиџи, Италијанките не можеа до тај-брек. Русија ја искористи првата меч топка и со 25:20 го доби четвртиот сет. Во руската репрезентација блескаа Кошалева, Обмочаева и Фетисова со две третити од поените за селекцијата на Јури Маричев. Расположената Валентина Диуф, противникот успеа да ја сопре во втората половина од мечот и тоа беше доволно за победа и место во полуфиналето за Русија. Во полуфиналето в сабота, противник на Русија ќе биде поуспешниот од мечот Србија – Белгија.

Без коментари

LEAVE A REPLY