Зелената недела на ЕУ во Битола

0
769

Општина Битола и ЕУ Инфо точката и оваа година се вклучуваат во прославата на Зелената недела на ЕУ каде мотото оваа година е Инвестирање за позелена иднина.

Инвестирањето за позелена иднина не е само финансиски инструмент туку инвестирање за отворање на зелени работни места, дишење на чист воздух, ефективно користење на ресурсите, намалување на количината на отпад, зголемување на зелените јавни површини во урбаните средини, заштита на почвата од ерозија и опустинување, заштита  заштеда на водата за пиење и уште многу активности кои значат редефинирање на постоењео на човекот на планетата Земја и насочување на мислите кон иднината, како нашите сегашни дела и активности ќе ја обликуваат иднината на сегашните и идните генерации