Зелениот караван денес во Битола

0
1850

Зелениот караван на Зегин денес во Битола. Преку интерактивни креативни програми ги едуцираа најмалите од Јавната установа општинска детска градинка „ Мајски цвет“.

karavan 1

-Ова се креативни програми со кои  ги едуцираме најмладите како да стекнат здрави навики поврзани со органската исхрана и како најдобро да се грижат за сопственото здравје, изјави д-р Драгица Сенделовска, научен соработник

Најмалите денеска праве зајчина и мечина од здрава храна. КАко на едно дете од најмала возраст да му се објесне дека пример чоколадата и гумените бомбони  не треба редовно да ги конзумираат? Во Зелениот караван освен децата учествуваат и родителите.

karavan 2

Децата од најмала возраст треба да се научат што е здрава храна и кои се последиците од нездрава храна., вели Сенделовска и додава дека во време кога имаме проблеми со дебелината и дијабетот важно е да се намали таа инциденца или ризикот.

karavan 3

„Зелениот караван“ е во организација на Маркетинг агенцијата „Маркетинг Микс“, а е поддржана од Компанијата „Зегин’.На нивната мапа се најдоа 19 градинки од цела Македонија.