„Земате пари од БЈРМ!“ Европратеници од Златна зора среде Брисел направија инцидент

0
687

Срамота, малака, земате пари од БЈРМ и од Турција, јас сум тука да ги бранам грчките национални интереси… со овие зборови грчки европратеници од Златна зора денеска се обидоа да ја прекинат дебатата во Брисел за положбата на турското малцинство во Грција.

Денеска во Брисел во зградата на Европарламентот Европската слободна алијанса (ЕФА), заедно со европската десница (ЕПП), Федерацијата на Турците во западна Тракија и невладината организација на непризнаените нации (УНПО) одржа дебата за положбата на турското малцинство во Грција.

Како и за време на основањето на групата Пријатели на Македонија, така и сега, грчките европратеници од Златна зора се обидоа највулгарно да ја прекинат оваа дебата. Дојде до сериозни вербални расправии со учесниците на дебатата, исто така европарламентарци…

Меѓу европарламентарците и грчките европратеници од Златна зора се водеше жестока расправија, паднаа сериозни навреди, по што членовите на фашистичката партија од Грција ја напуштија дебатата.

Се очекува официјалната реакција на Европскиот парламент