Земјоделците изиграни од мелничарите

0
1681

И покрај три месечните преговори кои што ги имавме пред почетокот на жетвата со мелничарите не успеавме да издејствуваме цена од 11 денари за килограм предадено лебно зрно, вели претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров . Тој напоменува дека земјоделците и мелничарите веројатно никогаш нема да успеат да се договорат околу откупната цена на пченицата.

-Јас ништо не сум ветил дека цената ќе биде 11 денари. Јас кажав кога беше министерот за земјоделие во Новаци дека цената на пченицата од годинешната реколта не смее да биде пониска од 11 денари. Секоја цена под 11 денари е голема загуба за земјоделците. По три месечни преговори со мелничарите пред почетокот на жетвата расправавме за цената. Жалиме што нашето ресорно министерство не можеше да биде дел од расправата. Тие понудија 8 денари ние баравме 9 денари и плус два денари да даде државата и некако да се исплива од оваа криза со откупот на пченицата. Меѓутоа тие беа цврсти во својот став дека од 8 денари не даваат ни денар повеќе, и се случи она што се случи, изјави Вељо Тантаров претседател на Сојуз на земјоделци

Жетвата на пченицата привршува. Цената, зависно од квалитетот, се движи од 6 – 8 денари. Годинава се очекува прихот од околу 300 илјади тони пченица од вкупно 80 илјади хектари обработлива површина

-Според податоците од МЗШВ се откупени околу 40 милиони килограми пченица со просечна откупна цена од 8,5 денари. Јас како земјоделец не верувам дека е добиена таква почетна откупна цена, затоа што знаеме дека Пелагонија е котлина во кој што се произведува една половина од пченицата во државата , и таква цена не е добиена. Сега пченицата се откупува по цена од 6 до 8 денари. Тука повторно сме изиграни од страна на мелничарит, и таа цена која ја понудија од 8 денари, сами меѓусебе се договорија, добро се организирани и повторно пченицата се откупува по класи. Прва класа 9 денари, втора класа 8 денари и трета класа 7 денари а некаде и по 6 денари, додаде Тантаров

Земјоделците годинава ќе добијат дополнителни 6.000 денари за хектар пченица како поддршка од владата на Р.Македонија