Земјоделците сеуште не ги добиле парите за субвенциите

Земјоделците сеуште не ги добиле парите за субвенциите

0 907

Ништо од предпразничните ветувања. Земјоделците иако ги чекаа, не ги добија парите за субвенциите. Земјоделците му додадоа рок на министерот за финансии Кирил Миновски до петок да ги потпише вирманите за исплата на субвенциите, во спротивно највуваат радикализација.

Ристо Велков, од Сојузот на синдикати на земјоделци, вели дека ако државата им ги блокира сметките за неплатени давачки, тие мора да преземат некакви мерки бидејќи државата е таа која не го исполнува ветеното.

„Сигурен сум дека од следната недела ќе се преземаат цврсти чекори околу тоа како и на кој начин ќе ги добиеме субвенциите. Ако нашиот земјоделски производител за било какви давачки према државата му се блокираат сметките, тогаш и ние мора да преземеме некакви мерки“, изјави Ристо Велков, Сојуз на синдикати на земјоделци.

Од Министерството за финасии не коментираат кога ќе стартува исплатата на субвенциите и зошто се доцни. Неофицијално и покрај тоа што Комисијата за спречување на корупцијата испратила допис во кој се дава зелено светло за исплата, сепак надлежните не ја одобруваат. Стравуваат дека овој потег е во спротивност на законот.

Имено, во Изборниот законик децидно стои дека исплатата не може да се изврши сè до формирање на нова Влада. Земјоделците велат дека институциите мора да се одблокираат и да се формира нова Влада.

 Сагата за исплата на субвенциите низ институциите трае со месеци. Најпрвин беше замрзната поради најавата за избори, потоа имаше проблем со директорите на платежната агенција, за сега финасии да се правда со технички проблеми, додека ресорното Министертсво за земјоделство уверуваа дека парите има. Но она што е сигурно е дека налозите се подготвени, а парите ги нема на сметките на земјоделците.Државата на земјоделците им должи пари за субвенции за 2014, 2015 и 2016 година. Според информациите од Платежната агенција вкупно треба да се исплатат 92 милиони евра, прво ќе се исплаќаат дел од неисплатените субвенции за 2014 и 2015, а потоа за 2016 година.

Коментарите се затворени.