Земјотрес ја погоди Северна Кореја

0
450

Пентагон соопшти дека земјотресот со јачина од 5,8 степени по Рихтер, кој ја погоди Северна Кореја, најверојатно не е предизвикан од нуклеарно тестирање.

Портпаролот на Пентагон мајорот Џејми Дејвис изјави дека претходните показатели укажуваат дека земјотресот не е предизвикан од нуклеарен тест на Северна Кореја, имајќи ги предвид длабочинаа и локацијата на земјотресот, истакнувајќи дека Пентагон ќе продолжи да ја истражува сеизмичката активност, пренесува Ројтерс.

Сеизмологот на Сеизмичкиот топографски институт на САД Џули Датон кажа дека земјотрес со оваа јачина е необичен за тој регион и дека последниот таков земјотрес бил регистриран во 1994 година. Сепак, Датон истакна дека ништо не покажува дека земјотресот го предизвикале луѓето.

Сите нуклеарни тестови на Северна Кореја се спроведени на површината, никогаш под земја.

Епицентарот на земјотресот е 560 километри под морската површина и веројатно не предизвикал никаква штета. Засега нема информации за евентуални жртви, а не е издадено ни предупредување за цунами.

 

Без коментари