Земјотрес на западниот брег на Франција

0
288

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер го затресе француското крајбрежје, во четврток во 8.46 часот, соопшти Француската мрежа за следење земјотреси.

Локалната префектура соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени, но не траел доволно долго за да предизвика акција од службите за вонредни состојби.

Центарот на земјотресот бил кај Рошфор, на 25 километри југо источно од францускиот западен брег.

Земјотресот бил почувствуван во 15 помали градови.

Еден жител на Анжулин пријавил дека му паднал покривот од куќата, а маж од Ла Рошел, рекол дека предмети паѓале од полиците во неговиот дом.

Вакви мали земјотреси се чести во оваа област,а Франција не е погодена од разорен земјотрес од 1909 година, кога загинале 46 луѓе и 250 биле повредени кога се случил земјотрес во Прованс, во градот Ламбеск.

Според француските експерти за земјотреси, во блиска иднина во Франција се очекува силен земјотрес со жртви, како тој во Ламбеск, затоа што такви се случуваат просечно на 100 години./крај/тл/бб