Земјотрес од 4,3 степени по Рихтер во Босна и Херцеговина

0
327

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Херцеговина. Епицентарот бил на 7 километри од Ливно и на длабочина од 5 километри.

Потресот кој се случил околу 2 часот наутро го почувствуале и во соседна Хрватска, на порачјето на Сињ и Сплит, односно на 51 километар североисточно од Сплит.

Потресите со оваа јачина се умерено силни и може да предизвикаат помала материјална штета.