Земјотрес од 5,8 степени во близина на Јапонија

0
153

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, земјотресот бил на 9,5 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 351 километар од градот Сендај на осторовот Хоншу.

Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е дадено ниту предупредување за можна појава на цунами.

Јапонската метеоролошка служба информира дека земјотресот „не е толку силен“ за да предизвика штети на територијата на Јапонија.