Земјотрес од 6.7 степени ја погоди Индија

0
276

Земјотрес со јачина од 6.7 степени ја погоди северноисточна Индија, близу границите со Мјанмар и Бангладеш, при што загинаа најмалку деветмина.

Потресот се случил околу 30 километри од Импал, главниот град на државата Манипур, а бил почувствуван низ целиот регион.

Индискиот метеоролошки оддел соопшти дека размерот на земјотресот бил 17 километри, а биле срушени ѕидови на згради и домови.

Земјотресот оштетил голем број на возила а бил спречен и проток на електрична енергија во Манипур.

Не се знае точно колку луѓе се повредени а се очекува и бројот на загинати да биде во пораст.